ЦЕРЕМОНИЈА НА ОТВАРАЊЕ НА ТРЕТИОТ МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИТЕ НАУКИ СЕ ОДРЖА НА МБУ

Меѓународниот Балкански универзитет беше домаќин и партнер на третиот Меѓународен Конгрес за истражување на општествени науки (USOBAK2018) именуван како „Истражување на јазикот, историјата, географијата, литературата, културата, уметноста и образованието во Балканскиот регион“.
За време на церемонијата на отварање која беше одржана на 5.септември 2018 г. во капмусот на МБУ во Скопје, поздравен говор одржа ректорот на Меѓународниот Балкански универзитет проф. д-р Исмаил Коџајусуфоглу, претседателот на Конгресот проф. д-р Хасан Кара и уредникот на списанието за истражување на културата на Анадолија проф. д-р Турхан Четин.
Главните говорници на Конгресот беа:
Проф. д-р Рефик Туран, претседател на Здружението за турската историја „Историската поврзаност на Балканот и турците“
Проф. д-р Гурер Гулсевин, претседатен на Институтот за турски јазик „Турците кои не му кажале ‘збогум’ на Балканот“
Проф. д-р Јашар Ајдемир,  Проректор на универзитетот Гази „Турската литература на Балканот“.