fbpx

МБУ И УНИВЕРЗИТЕТОТ „РЕЏЕП ТАЈИП ЕРДОГАН“ ПОТПИШАА ПРОТОКОЛ ЗА СОРАБОТКА

Ректорот на Меѓународниот Балкански Универзитет проф. д-р Исмаил Коџајусуфоглу го пречека ректорот на универзитетот „Реџеп Тајип Ердоган“ проф. Д-р Хусејин Караман во капмусот на МБУ во вторник, 4 септември 2018 г.. Ректорите разговараа за тековните академски и научни активности на двата универзитети и ги споделија своите ставови за идната соработка помеѓу двата универзитети. Во таа насока, ректорите потпишаа Билатерален договор за соработка, како и протоколите за соработка „Ерасмус“ и „Мевлана“, кои што имаат за цел да ја зајакнат мобилноста на студентите и кадарот помеѓу МБУ и УРТЕ, заедничките научни истражувања, академските настани какви што се конгресите, конференциите и симпозиумите.