fbpx

10 ПРИЧИНИ ЗОШТО МЕЃУНАРОДНИОТ БАЛКАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ Е ТВОЈОТ ВИСТИНСКИ ИЗБОР! (ВИДЕО)

Медиумскиот центар на Меѓународниот Балкански Универзитет започна промотивна кампања именувана како „10 причини зошто МБУ е твојот вистински избор“, ориентирана кон главните причини кои што потенцијалните студенти треба да ги земат во предвид кога одлучуваат за нивното високо образование. Кампањата вклучува телевизија, радио и рекламирање преку социјалните мрежи, и ќе продолжи до крајот на Септември 2018.год. Новитетот во оваа кампања е тоа што школарината во академската 2018/2019.год. на додипломски студии е намалена на 1000 Евра за една академска година (оваа цена е валидна за студентите од Балканскиот регион и не се применува за студентите надвор од овој регион) како одлична промотивна можност за сите студенти кои се подготвени да му се придружат на големото семејство на ИБУ.
10 причини зошто МБУ е твојот вистински избор!
#1
Најдобриот универзитет во Македонија во областа на наставата и учењето според Шангајска ранг листа на универзитети!
#2
100% образование на англиски јазик!
#3
18 додипломски и 10 постдипломски студии – широк спектар на академски понуди!
#4
Активна сутудентска мобилност на подрачјето на Европа и Турција преку програмите на „Ерасмус“ и „Мевлана“!
#5
Студенти од 15 различни земји студираат на МБУ! Вистински меѓународен универзитет!
#6
Над 1000 стипендии доделени на талентирани студенти до денешен датум!
#7
Над 150 договори за меѓународна соработка со универзитетите од повеќе од 40 земји!
#8
Сеопфатен нов кампус во Скопје, со најновите стандарди на образование!
#9
Квалификуван академски кадар со меѓународна репутација и искуство!
#10
Партнерство со бизниси – безброј можности за стажирање и работа на нашите студенти!